Маркетинг
Во секоја работа треба одмор, време за стратегија, време за пауза, време за обука и учење, време за дружење... Зошто?? Проверете ...
Autor: Јасмина
19.07.2023. 09:33
Dostupni jezici: srpski

Деновиве имаше Саем на книгата во Скопје, и секако, не пропуштив да се подновам...

Едноставно, книгата е храна за мозокот.

А за нашава работа, Маркетинг работењето, читањето стручна литература, надградувањето, е неопходно за успех...

 

Една од книгите кои ги купив, е "Ајде да ти раскажам" од Хорхе Букај. Книга преполна со кратки и мудри приказни, кои даваат поука општо во животот.

Психотерапевтот Хорхе, преку приказни му дава совети на студентот Демијан.

Демијан му се жали на Хорхе дека не му оди како што сака на факултет, дека добива слаби оценки. На тоа Хорхе му вели дека му треба одмор, но Демијан упорно тврди дека нема време да одмара, дека крај на година се ближи, а сепак, оценките му се слаби...

На тоа, Хорхе му ја кажува приказната:

Си бил еден дрвар, кој добил работа во една дрвара. Платата била добра, условите уште подобри, и дрварот одлучил дека добро ќе си ја врши работата...

Првиот ден на работа, надзорникот му дал секира на дрварот, и му покажал каде да сече дрвја. Дрварот орен за работа, тргнал, и првиот ден исекол 18 дрвја.

Секако дека бил пофален. Дрварот пресреќен, одлучил рано да си легне вечерта, и утредента, рано станал и пред сите заминал во шумата да сече дрва. Но, и покрај сите напори, не успеал да отсече повеќе од 15 дрвја.

Си помислил дека преморот е сигурно причината за намалениот број на исечени дрвја, и одлучил да си легне веднаш после зајдисонце.

Станал взори, маркирал 18 дрвја спремен да ја заврши работата, но тој ден не стигнал ниту до половина.

Следниот ден отсекол 8 дрвја, следниот 5, а последниот ден се мачел цело попладне на второто дрво.

Се вознемирил, и поразговарал со надзорникот. Му рекол дека нешто се случува со него, дека навистина работи до изнемоштеност, но нема успех.

Надзорникот го прашал: - Кога за последен пат си ја наострил секирата?

- Да ја наострам ??? Немав време за острење, бев многу зафатен со сечењето дрвја.

 

Поука: Во секоја работа треба одмор, време за стратегија, време за пауза, време за обука и учење, време за дружење...

 Средбите од типот на Тимски средби, Семинари, било какви групни Тимски собири, се нашето острење на секирата.