Здравје
Најчесто, најопасните хемикалии во домот се чуваат под мијалникот, позади WC шољата, како и на други пристапни места. Опасни, корозивни, отровни, најчесто течни, и оставени на лесно достапно место. Таква е на пример солната киселина за отстранување на каменецот, често пати и прашакот за чистење на вошки, итн.
Autor: Јасмина
19.07.2023. 09:33
Dostupni jezici: srpski

Колку хемијата во домот ни го прави животот полесен, но дали и побезбеден? Можеби ни го олеснуваат животот, но хемиските средства за чистење можат да бидат мач со две оштрици.

Опасна работа која одлично чисти, но ако се ракува со нив несоодветно, доведува до страшни последици. Најнапред по животот на оној кој секојдневно ракува со нив, а потоа и со најмладите, чија најголема особина е истражувањето на својата околина
Контактот со хемикалиите во домот, започнува со секое Добро утро, и влегувањето во купатило.
Во него имаме најразлични хемикалии, започнувајки со сапунот, пастата за заби, шампоните, растврор за плакнење на устата, лосиони, дезодоранси… Сето тоа содржи потенцијални отрови. Сето тоа може да биде страшно, но секако не е за паника.

Многу поголем, и посериозен проблем се создава со хемикалиите кои се користат за чистење на домот. Несоодветното користење доведуваат до последици опасни по живот. При тоа се препорачуваат помошни средства за заштита, како ракавици, маска на лицето итн…

Со невнимателност, лесно може да дојде до труење, вдушување, преку кожата или орално.

Најчесто, најопасните хемикалии во домот се чуваат под мијалникот, позади WC шољата, како и на други пристапни места. Опасни, корозивни, отровни, најчесто течни, и оставени на лесно достапно место. Таква е на пример солната киселина за отстранување на каменецот, често пати и прашакот за чистење на вошки, итн.

Ако добро разгледате, сметајки дека хемијата ни помага, одржува хигиена, домот содржи голем број опасности, домот кој би требало да е место на мир и релаксација. Домот кој треба да е безбеден дом, станува опасен за најмладите. Можеби добро внимавате каде се складирани сите овие средства, но верувајте на нивната љубопитност нема крај, лесно допираат до нив.


Сегашноста, загаденоста, опасноста од хемикалиите кои ни избегаа од контрола, не приморува да се враќаме кон корените, кон старите начини на чистење и одржување хигиена, кон мајката природа и билките. Зошто домот, кој е нашето свето место, го претвараме во место опасно за живеење исто како што е и самата околина? За да исчистиме побрзо, затоа што киселината делува веднаш и не мора да чекаме, да губиме време? Да, но веднаш и убива.


За наша среќа, свеста полека се враќа кај луѓето, па го одбираат природниот начин. Постојат алтернативни начини на одржување на хигиена. Во модерново време има и компании кои суровината во производите ја збогатуваат со екстракти на лековити билки, билки кои спасиле многу животи во времето на нашите баби и дедовци. Се обрнува поголемо внимание на биоразградивоста, како би се продолжил векот на Земјата. Се користат природните ресурси…

Не залудно нашите предци џвакале лист од жалфија кога ги болеле непцата, се триеле со босилек кога имало зголемен број на комарци, користеле невен во мастите кога имале проблем со кожата или со интимата.

Време е сите добро да размислиме, што е добро за нас самите, за нашите најмили, за луѓето околу нас, за околината, животните, земјата … за човечкиот род…

*Идеа за текстот е новински напис за статистиката со труење во домот од хемикалии и лекарства