Босилек (Ocimum basilicum)
Една од најчесто користените ароматични билки, која може да се користи на различни начини, е Босилекот. Често нарекуван како лек за илјада болести.
Во Лимес производите, босилекот е една од најмногу застапените билки вметнати во еколошките производи.
Го користиме при готвењето, како зачин. Го подобрува варењето на тешката храна и штити од крварење. Готвачите многу често го користат при приготвување на сосови, посебно при готвење на компир, модар патлиџан, пченка, карфиол...
Можеме да го користиме орално, во вид на чај, како многу вкусен напиток, и при негово редовно консумирање, може да имаме разни придобивки. Но сепак, после една недела редовно пиење, сепак треба да се направи пауза од две недели. Посебно е добар за долки, затоа што го поттикнува создавањето на млеко. Исто така, поради седативно дејство, не се препорачува на трудници и бебиња помали од 6 месеци.
Традиционалната медицина исто така го користи босилекот, посебно при третирање на кашлица, главоболка, депресија, и како средство за закрепнување и освежување.
Босилекот може да се користи и како облоги, за разни состојби. На пример е многу добар за третирање на отечени зглобови, пред се зглобови зафатени со артритис. Одлично делува при воспаленија.
Има антимикробно дејство, и се препорачува кај инфицирани рани, воспаленија во устата, кај дијареја, при хронични воспаленија на уринарните патишта и дишните органи, болести на цревата и други органи. Дејствува против Ешерихија коли, Салмонела, Стафилококи и др.