Лековити билки
Се користи за подобрување на апетитот, варење на храната и работа на жолчката, при болести на желудникот и цревата.
Autor: Јасмина
19.07.2023. 09:32
Dostupni jezici: srpski

Црвено подабиче - Teucrium chamaedrys

 

Билка која е автентична за нашите простори и наоѓа широка примена во хербалчната медицина. Ова е една од билките кои се содржат во Пробавит чај од Лимес. - Петровец, Кичица (црвен кантарион или грозничавче), Пелин, Црвено подабиче (ива трева), Жалфија, Нане.

Содржи многу витамин Ц и состојки со силно анти-бактерицидно дејство. Се користи за подобрување на апетитот, варење на храната и работата на жолчката. Се препорачува да се користи како чај по прележани исцрпувачки болести, кај неухранети лица,како и на заболени од хроничен бронхитис, реума и костоболка.

Црвеното подабиче, или наречен и Дабец, Ива трава, е билка уште одамна позната во медицината како средство за стомак и дигестивен тракт. Може да се користи за:

  • Надразнетост на цревата и желудникот
  • Функција на жолчка и жолчни канали
  • Функција на црн дроб
  • Хемороиди - го запира крварењето и воспалението на истите
  • Слабокрвност - ја подобрува крвната слика
  • Циркулација
  • Ги уништува бактериите и инфекциите на стомакот и цревата
  • Го подобрува апетитот

Во Лимес има колекција на чаеви кои можат да помогнат при разни здравствени проблеми. Разгледајте во Вашата Лимес продавница, и одберете чај кој одговара на вашиот проблем