Здравје
дали чајот има ефект на нашето здравје
Autor: Јасмина
19.07.2023. 09:32
Dostupni jezici: srpski

Дали чаевите имаат поволен ефект на нашето здравје?  Ова е едно од прашањата кои честопати се поставуваат. Дали чајот се консумира поради желба, или пак како потреба за подобрување на нашето здравје.

Среде настинки, чајот е незаменлив лек за третман на воспалено грло. Чаевите од нане, маточина и мајчина душица се идеални зимски пијалаци бидејќи ја зајакнуваат отпорноста на организмот кон настинки и вируси. Се препорачува да ги пиете секој ден како превенција од болести, а во случај на настинка, најдобро е да посегнете по чај од липа. Овој чај ублажува кашлица, промовира потење и ја зголемува отпорноста кон инфекции. Ова се некои од чаевите кои во нашата традиција се конзумирале уште од претците.

Постојат и мешавини на чаеви кои можат да го подобрат здравјето, но и да намалат, па дури и да спречат одредени здравствени проблеми. Во Лимес компанијата има Колекција чаеви со билки берени од чиста еколошка средина на приватните плантажи на Лимес на падините на Стара Планина. Чаевите помагаат во решавање на многу здравствени проблеми, иако не се лекови, имаат многу здравствени придобивки.

Дали повеќе би сакале да пиете чај што се одгледувал во токсична средина, или чај што бил направен со љубов од мајката природа? Добро знаеме што не храни повеќе!

  • Ранкин чај - Содржи Мајчина душичка, Шипка, Коприва, Петровец Арамлиска трева, Жалфија, Вранилова трева, Маточина, Кантарион (Посеклива трева), Бозел ( Зовин цвет). Овозможува внесување на потребни материи во организмот, кои придонесуваат за создавање на одбрамбениот систем, имунитетот.
  • Пробавит чај - Содржи Петровец, Кичица (црвен кантарион или грозничавче), Пелин, Црвено подабиче, Жалфија, Нане. Извонредната комбинација на билки благотворно делува на системот на органите за варење, алергии на храна, зголемена киселост- гастритис, чир на желудник, болка во желудник, лошо варење, надуеност на желудникот, мачнина и опстипација.
  • Кардио чај - Содржи Цвет и лист од глог, Жалфија, Кантарион, Маточина, Шипка, Оригано (Вранилова трева). Се користи за регулирање на крвниот притисок, ги чисти и зајакнува крвните садови. Пред се е наменет за регулирање на високиот крвен притисок, но може да се користи и за регулирање на нискиот крвен притисок.
  • Метабо чај - Содржи Коприва, Шипка, Петровец, Кантарион, Мајчина душица, Жалфија. Придонесува за брзо и ефикасно воспоставување на рамнотежа во организмот и го забрзува метаболизмот.  Не содржи агресивни билки за варење, како што е сената.
  • Дијабетин чај - Содржи Лист од црна црница (дудинка), Пасуљевина, Лист од боровинка, Лист од коприва, Кичица, Корен од глуварче. Се употребува како дополнителна терапија кај лица со шеќерна болест од типот 2 ( кои не се зависни од инсулин). Го снижува и го стабилизира нивото на гликозата
  • Урино чај - Содржи лист од Бреза, Килавица, Селен, Мечкино грозје, Коњско опавче. Помага при инфекции на бешиката и мокрачните патишта. Ги чисти бубрезите од песок, помага при болки, ја поттикнува работата на бубрезите, го забрзува мокрењето, не дозволува создавање на камења. Има дезинфекционо, диуретско и антисептичко дејство при разни воспаленија на бубрезите и бешиката.

Нарачка .