Маркетинг
Има моменти кога треба да се соочиме со ситуацијата и преземиме акција. Дозволете си да си дозволите и одлучете се да скокнете! ... додека сеуште имате сила
Autor: Јасмина
30.09.2024. 10:47
Dostupni jezici: srpski, македонски

Сигурна сум дека сите го знаете експериментот со жата, но сепак, ќе Ви го прераскажам.
Ставете жаба во сад со вода и загревајте ја. Како што температурата на водата ќе расте, телото на жабата ќе се прилагодува на зголемената топлина. Жабата ќе продолжи да го прилагодува телото на жешката вода сѐ до нешто под точката на вриење која е смртоносна за неа.
 
Тогаш жабата ќе посака да скокне надвор од садот и да се спаси, но ќе сфати дека повеќе нема сила. Целата енергија претходно ја потрошила за прилагодување да го издржи загревањето на водата во садот. Тоа ќе значи смрт за неа.
 
Што ја убило жабата? Загреаната вода ?
Не. Жабата умира поради нејзината неодлучност, поради неспособност да го препознае вистинскиот момент и навреме да скокне од садот.
 
И ние постојано се прилагодуваме на секакви ситуации, но истовремено, мора да сме внимателни и да препознаеме кога е доста, кога прилагодувањето ни ја одзема силата која ќе ни биде потребна во одреден момент за да преживееме.
Треба да бидеме сигурни кога е доста од некои работи и да скокнеме, да донесеме одлука - како понатаму?
 
Има моменти кога треба да се соочиме со ситуацијата и превземеме акција.
 
ОДЛУЧЕТЕ СЕ и СКОКНЕТЕ... Не бидете прилагодливата жаба која чекајки умира. Доволно се прилагодувате на преживувања. Зачекорете !!!
 
Можеби ќе биде полошо ? НО ШТО АКО БИДЕ ПОДОБРО И УСПЕЕТЕ ВО НАМЕРИТЕ ???