Јас сум Билјана Станков . Накратко, колку што е можно да биде кратко, сакам да Ви раскажам за мојот контакт со Лимес.
За Лимес дознав од една колешка пред десетина години, купив неколку производа од дистрибутер на Лимес.
Се најдов во ситуација да треба за кратко време да се исчисти простор, заедно со пријателка. Ќе помагам, но велам : “ Доместос немој ни да помислиш да донесеш... Имам проблем со алергии и неможам да работам со тешки средства за чистење”.
Прво што пробав беа: Пастата за домаќинство, Детергентот за стакло и Санитар гелот.
За да се среди стан со години несреден, овие три производи беа повеќе од доволни.....и човечка рака се разбира... Кујна, прозори, врати, плочки, паркет, тоалет, намештај...... Станот не само што го исчистивме туку и му го сменивме ликот....
Тука почнува моето користење на производите на Лимес... Бидејки сум со тешки алергии на дишни патиштаа исто така и кожни ова беше препородување за мене.
Немаше повеќе марами и ракавици додека чистам...
Бидејки се концентрирани и долготрајни поминаа неколку години додека полека, полека ги запознавав детергентите и од сите бев одушевена...
Пред три години, мојот син еден ден си доаѓа дома, и ми носи каталог од Лимес ... Додека одслужуваше училишна пракса на терен се сретнал со еден од детергентите на Лимес и тогаш некој од колегите му го покажал каталогот - “ Па ние овие производи ги имаме дома, а од каде ги купува мајка ми, незнам.... “, била неговата реакција.
Тогаш решив да се зачленам и да почнам сама да си ги набавувам производите по дисконтни цени ... За моја среќа , мојот ментор се постави многу мотивирачки кон мене и јас добив сосема подруг видик за начинот и пристапот кон оваа работа ...
Јас не само што ги набавувам производите со пониски цени и заштедувам, туку со мал труд можам и да заработам нешто ...
Сега можев да си дозволам и некои од производите што пред тоа беа малку скапи за мене (децата беа веќе во пубертет и тие имаа предност). Во Лимес најдов доста решенија и за нив ... Пубертет, бубулици, миризба на пот, миризба на патики, здивот исто така ...
Менторот ми даваше насоки за се што ми е ново и непознато па така дознавав новитети. Тогаш дознав зошто санитар гелот немал ефект првиот пат кога го користев ... Не е само купи и користи како знаеш и умееш ... Се си има свој начин на користење ...
Споделував мое искуство со околината : комшивки, колешки, пријателки. Познавајки ме дека неможам да користам се, им беше јасно што може да се очекува од производите ... Отворив и ФБ страница
Почнав да го градам својот Тим ... Бидејки мојата работа е во смени се трудам да бидам достапна за сите најбрзо што можам.
Има мои потрошувачи кои редовно си набавуваат по продажни цени и не сакаат членство. Има и мои соработници кои решија да се зачленат и да си ги користат производите. Но има можност и за активирање и работа преку Мрежен маркетинг, кој знае да донесе солиден приход доколку се вложиш во работата.
Изборот е индивидуален и вреден за почит од сите.
Топло го препорачувам Лимес на сите. Расположена сум за соработка со секој кој ќе пројави интерес да ми се придружи и стане мој соработник, контакт во порака