Маркетинг
Ништо во животот не се случува случајно, се си има своја причина зошто е тоа така како што е ...
Autor: Јасмина
03.05.2023. 01:15
Dostupni jezici: srpski

ЧЕТИРИ ИНДИСКИ ПРИНЦИПИ 

* ПРВ ПРИНЦИП: Никој не влугува во нашиот живот случајно. Сите оние кои не опкружуваат, со било кого да сме во сооднос, претставува нешто – било да треба да не научи на нешто, или да ни помогне да ја поправиме моменталната ситуација.

* ВТОР ПРИНЦИП: Што и да се случи, е единствената работа која можела да се случи. Ништо, апсолутно ништо од она што сме го доживеале не можело да биде поинаку. Дури ниту најмалиот детал. Нема Барем нешто да направев поинаку, тогаш ситуацијата би била поинаква! НЕ!!! Она што се случило е единствената можна опција која можела да се случи и морала да се случи – за да ја научиме лекцијата како да се поместиме понапред. Секоја ситуација во животот во која ќе се најдеме е апсолутно совршена, дури и кога му пркоси на нашето разбирање и го предизвикува нашето его.

* ТРЕТ ПРИНЦИП: Секој момент во кој нешто започнуваме и вистински момент. Се започнува во точниот момент, ниту прерано, ниту предоцна. Кога сме подготвени за тоа, за нешто ново во животот – тоа е тука, подготвено да започне.

* ЧЕТВРТ , и последен ПРИНЦИП Што е готово, е готово. Тоа е така едноставно! Кога нешто во нашиот живот ќе заврши, тоа му помага на нашиот развој. Затоа, збогатени со минатото искуство, подобро да се опуштиме и да тргнеме понатаму.

Воопшто не е случајно тоа што Вие сега ова го читате. Ако овие зборови допреа до Вас, тоа е затоа што токму ова сознание сега Ви било потребно, и што сте сватиле дека ниту една снегулка не може да падне на погрешно место.

Бидете добри кон себе. Сакајте се со целото свое битие. Секогаш бидете радосни, и нека работата и животот Ви бидат забава