Копривата, (Urtica dioica) е повеќегодишно растение кое може да се сретне насекаде низ светот, а многу е распространето и кај нас. Расте до 1 метар и цвета од јуни до септември.
Има лисја во форма на срце, назабени, влакнести кои боцкаат при допир, па затоа треба да внимавате при берењето. И верувајте ни, треба да ја наберете бидејќи има многу причини да ја користите копривата како лек.
Кај народот е добро позната како билка која се користи за лекување на пад на имунитетот, анемија, но и како народен лек за опаѓање на косата.
Она што ја прави Копривата посебна, е нејзиниот состав. Богата е со минерали, особено со калциум, железо, магнезиум, флавоноиди и растителни стероли. Има и витамин Д, кој е редок кај растенијата, витамин К, витамини Ц и А.
Во Лимес, копривата е застапена (покрај липа) во ШАМПОНОТ ЗА СЕКОЈ ДЕН, односно шампон наменет за секој тип на коса. Од искуство на потрошувачите, овој шампон им потпомага побрз раст на косата и го намалува паѓањето на влакната.
Ова е една од билките која е содржана во МЕТАБО ЧАЈОТ на Лимес. Покрај копривата, во овој чај се присутни и Шипка, Петровец, Кантарион, Мајчина душица, Жалфија.
Исто така, Коприва се содржи и во РАНКИН ЧАЈ , кој покрај копривата, содржи и Мајчина душичка, Шипка, Петровец, Жалфија, Вранилова трева, Маточина, Кантарион (Посеклива трева), Бозел (Зовин цвет)
Лист од коприва се содржи и во ДИЈАБЕТИН ЧАЈОТ, кој содржи уште и Лист од црна црница (дудинка), Пасуљевина, Лист од боровинка, Кичица, Корен од глуварче.
За што се е препорачана, и како делува КОПРИВАТА:
- Коренот од коприва делува како диуретик и адстрингентно. Се препорачува како лек за зголемена простата.
- Листовите од коприва се користат како надворешна обвивка, корисни за болки во зглобовите и артритис, бидејќи има благо аналгетско дејство.
- Тоа што е богата со железо ја прави оваа билка една од најдобрите за лекување на анемија и секако многу поподнослива за желудникот отколку додаток на железо.
-
Копривата има диуретично дејство, што значи дека помага за исфрлање на урината. Многу е корисна за лекување на уринарни инфекции и проблеми како што се камења во бубрезите или мочниот меур.
- Помага да се исфрли вишокот вода од телото. Заедно со масните наслаги, овој вишок вода често е одговорен за формирање на целулит. Со самото тоа, копривата помага за исфрлање на водата во организмот, намалување на масни и целулитни наслаги, но и намалување на крвниот притисок.
Секако, таа може да се употребува во исхраната, како чорба, сос за тестеинини, рижото, салата (откако ќе биде претходно обарена), во пити, во турлитава со зеленчук итн . Со еден збор, и како храна, и како лек може да се користи.
Во Лимес има колекција на чаеви кои можат да помогнат при разни здравствени проблеми. Разгледајте во Вашата Лимес продавница, и одберете чај кој одговара на вашиот проблем