MAKE THING’S HAPPEN
Биди и ТИ дел од мојот ТИМ
Autor: Lidija
20.07.2023. 08:39
Dostupni jezici: srpski

Јас сум Лидија од Скопје, поточно од населба Драчево. Член на Лимес сум скоро 6 години. Се зачленив по препорака на мојата спонзорка Јанка Лалкова, која беше доста упорна и трпелива, додека јас да се решам да дојдам на презентација, а и потоа додека да одлучам да почнам да работам.

Кога отидов на презентацијата, се запознав со нашата највисока Јасмина Трајковска, и откога ислушав се, решив дека ги сакам производите за себе да ги користам. Донесов веднаш одлука, бидејки и верував на мојата спонзорка со која сме роднини, имав доверба во неа, а и доста ми помогна реченицата што ми ја кажа г-ѓа Јасмина, дека ништо неморам да правам што не сакам. Дека сама донесувам одлука БЕЗ НИКАКОВ ПРИТИСОК, што ќе правам понатаму откако се зачленам, дали само ќе ги користам производите, дали ќе продавам, дали ќе градам кариера сама одлучувам. Е тоа многу ми се допадна.

Откако станав член, сега треба да одлучам дали ќе градам кариера и ќе почнам да ги нудам производите. Знаете што направив?

Земав еден лист хартија и го поделив ( со вертикална линија на средината). На левата страна напишав ШТО ГУБАМ, на десната ШТО ДОБИВАМдоколку почнам да работам и градам кариера.

На левата страна верувајте дека не напишав досега ни една буква, а еве шеста година сум член. Ама затоа пак на десната страна што добивам со зачленувањето имам цел еден список придобивки:

1.     Добив можност да ги набавувам производите по членска цена, која е пониска и да ги користам сите бенефити како (член) лојален потрошувач.

2.     Си го подобрив квалитетот на живот на целото мое семејство, кое не може да замисли ниту еден миг без овие прекрасни производи, па дури и кога не се во државава, производи мора да има во куфер

3.     Заштедувам и пари, бидејки се концентрати, се користат долго и се повеќенаменски.

4.     Си го штедам и времето, а мене тоа многу ми значи. Бидејки со средствата, сите знаеме како се чисти, ги нанесуваме и додека одстојат да делуваат билките ние можеме да си ги завршиме другите обврски.

5.     Можам да ги препорачам на сите мои блиски, па дури и на непознати, а мене тоа ме прави среќна, бидејки секој заслужува да си го заштити семејството со тоа што ќе дознае за Лимес производите.

6.     Имам можност да запознавам многу нови луѓе, нови пријателства од целата наша држава, па и пошироко. Запознав многу позитивни и среќни луѓе со кои комуницираме, разменуваме искуства и се дружиме на нашите средби

7.     Секогаш имам подршка и помош од поискусните, од мојата спонзорка Јанка Лалкова, од Лидерот во Македонија, Јасмина Трајковска, од нашите повисоки лидери, Томо и Бранка Хрубења, кои се од Кула, кои со многу љубов ни го трасираат нашиот пат до успехот, и кој оди по тој пат постигнува голем успех, и секогаш нивното присуство и совети не полнат со позитивна енергија.

8.     Наградата, хонорарот, нешто што многу ми помогна да донесам одлука дали да работам, да препорачувам. Свесно или несвесно ние секојдневно, и тоа по неколку пати во денот правиме препораки. Дали е тоа некоја фризерка, ресторант, игротека, хотел, козметичар, продавница, чии услуги сме ги користеле, ги препорачуваме на нашите блиски познаници, но за возврат на нашата препорака не добиваме ниту едно Благодарам, а не пак нешто повеќе. Додека во Лимес е поинаку. Секоја успешна препорака и трудот што го вложуваме е награден, според Правилникот на фирмата.

 Па има ли поубаво од ова? Мојата листа на позитивни работи постојано се дополнува така да знам дека ќе допишувам уште придобивки од членувањето во Лимес. Како што јас ја добивам помош и подршката од моите ментори, така и МОЈОТ ТИМ од мене. Секој кој самостојно изразил желба, и донел одлука да активно работи со Лимес, има моја безрезервна подршка и помош.

Доколку сакате да си го подобрите квалитетот на животот на Вашето семејство и сакате да ги запишуваме заедно позитивните придобивки од членувањето во Лимес, побарајте ме.

Притиснете LIKE на мојата ФБ страница, побарајте ме на мојот ФБ профил, разгледајте го КАТАЛОГОТ на Лимес, и да создадеме уште една приказна на запишани ПРИДОБИВКИ НА ДЕСНАТА СТРАНА НА ЛИСТОТ ... Со многу љубов, Ваша ЛИДЕ .